Повеќето луѓе се на мислење дека жените зборуваат многу повеќе од мажите, а сега тоа е и научно потврдено.
Имено, научниците дошле до интересни заклучоци кои покажале дека жените кажуваат дури 20.000 зборови дневно, за разлика од мажите кои кажуваат околу 7.000 зборови.
Истражувањата покажаа дека тоа се должи на поголемата доза на протеин во мозокот кај жените наречен „Foxp2“.
Научниците од Универзитетот во Мериленд откриле дека жените имаат поголема доза на протеинот „Foxp2“ во мозокот, познат и како „јазичен протеин“. Поради ова, тие учат да зборуваат многу порано од мажите и „трошат“ дури 13.000 зборови повеќе дневно од мажите.
Експертите дошле до ова сознание со испитување на машки стаорци, кои испуштаат повеќе звуци од женките. Утврдено е дека мажјаците имаат повисоко ниво на протеин „Foxp2“, додека кај луѓето ситуацијата меѓу половите е обратна.
Следете не, не има насекаде