Неверојатна приказна доаѓа од Франција. Пари Сен Жермен е обвинет дека лобирал кај организаторите на Златната топка, најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал, за да му обезбеди победа на Лионел Меси 2021 година.
Според извештајот на „Ле Монд“, челниците на ПСЖ се обиделе да влијаат на Паскал Фере, поранешен главен уредник на „Франс Фудбал“ и организатор на Златната топка.
Наводно, функционери на клубот се обиделе да добијат поддршка од Фере преку разни услуги што му ги нуделе. Во извештајот се наведува дека клубот се надевал дека Меси ќе го освои трофејот за време на неговиот престој во француската престолнина.
Истрагата првенствено се фокусираше на поранешниот директор за комуникации на ПСЖ Жан-Марсиал Рибес. Во извештајот од ноември 2023 година на Генералниот инспекторат на националната полиција се вели: „Рибес им подели билети за фудбалските натпревари на ПСЖ на новинари, политичари, избрани функционери, членови на кабинетот и разни уметници“.
Аргентинецот играше за ПСЖ од 2021 до 2023 година, а на 75 натпревари постигна 32 голови со 35 асистенции.
Триесет и шестгодишниот Меси потпиша договор со Интер Мајами во јуни 2023 година до летото 2025 година.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, осум пати ја освои Златната топка: 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019, 2021 и во 2023 година.
Меси ја освои Златната топка во 2021 година со 613 гласови, пред Роберт Лвендовски и Жоржињо.
The post ПСЖ се обидел да ги поткупи организаторите на Златната топка за да му обезбеди победа на Меси? appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде