Маж од грчкиот град Волос со пушка го убил својот шура откако дознал дека со години му ја силувал ќерката.
Според грчките медиуми, 50-годишниот Грк по убиството сам се предал во полиција.
Се наведува дека осомничениот со пушка, која законски ја поседувал, пукал и го убил 33-годишниот брат на сопругата, а потоа доброволно и се предал на полицијата, признавајќи го делото.
Уапсениот маж наводно и рекол на полицијата дека решил да го убие својот шура во вторникот наутро, откако неговата 18-годишна ќерка му открила дека нејзиниот вујко ја силувал од нејзината деветта година.
Рекла дека вујко и ја уценувал дека ќе ги објави снимките и фотографиите од нивната врска.
Полицијата ја запленила пушката, а истрагата продолжува.
Следете не, не има насекаде