мај 3, 2026

Фудбалерите на Арсенал го победија Фулам со 3:0 во 35-то коло од Премиер лигата и со тоа направија чекор напред кон освојување на титулата.

Пресметката на „Емирејтс“ ја обележа Виктор Ѓокереш со два гола и асистенција за Букајо Сака. Арсенал, од февруари и дуелот со Тотенхем не постигнал три или повеќе голови на еден натпревар.

Предноста од три гола по првиот дел, му овозможи на Микел Артета да го извади Сака од тимот,а во 64-та минута на клупата се преселија Ѓокереш и Рајс.

Следен предизвик за Арсенал е Атлетико Мадрид, во полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите. Натпреварот се игра во вторник, во Лондон.

Премиер лига, 35-то коло

Сабота:

Брентфорд – Вест Хем 3:0 (1:0)
(Мавропанос 15aг, Тиаго 52p, Дамсгор 82)

Њукасл – Брајтон 3:1 (2:0)
(Осула 12, Берн 24, Барнс 90+6 – Хиншелвуд 61)

Вулверхемптон – Сандерленд 1:1 (0:1)
(Буено 54 – Мукиеле 17)

Арсенал – Фулам 3:0 (3:0)
(Ѓокерес 9, 45+4, Сака 40)

Недела:

15.00 Борнмут – Кристал Палас
16.30 М. Јунајтед – Ливерпул
20.00 Астон Вила – Тотенхем

Понеделник:

16.00 Челзи – Нотингем Форест
21.00 Евертон – М. Сити

Share

The post (Видео) Ѓокереш го реши Фулам appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK