Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Мајами, четвртата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. До пол позицијата возачот на Мерцедес дојде со брилијантен круг (1:27.798).
На улиците на Мајами, младиот Италијанец ја освои третата квалификациска победа по ред, две десетинки од секундата пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул.
Најблиску до нив двајца беше возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Ландо Норис, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Оскар Пјастри, Франко Колапинто, Исак Хаџар и Пјер Гасли завршија зад нив.
Да потсетиме, претходно во текот на денот, Норис победи во спринт трката.
Антонели води во генералниот пласман со 75 поени, Расел го следи со 68, додека Леклерк е трет со 55 поени.
Големата награда на Мајами е закажана за недела во 22 часот, но постои можност да се помести поради предвидената бура во Флорида.
Foto/ EPA
The post Антонели пред Макс и Леклер на пол позицијата во Мајами appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
