ноември 24, 2024

Коментирајќи ги последните случувања во М-НАВ, евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека европските ставови за случувањата во јавните институции се многу јасни. Порача дека е важно назначувањата да се прават врз основа на заслуга, што би значело квалификација, вештини, искуства, неприпадност на партија или некои лични врски.

Јасно е, рече Гир, дека постојат обврски кога станува збор за воздушната навигација и обврските кон ЕУ во поглед на нивното имплементирање.

ТОЈ Е ЛИДЕР НА “БУНТОТ“ ШТО ЈА ПАРАЛИЗИРАШЕ ГЕРМАНИЈА – Одби “гнил компромис“ со Владата и вели дека Олаф Шолц го советуваат луѓе кои не знаат што прават

Јоаким Раквид, претседател на германското здружение на земјоделци, не бираше зборови кога зборуваше утрово за ставот на Владата на канцеларот Олаф Шолц кон протестот што ја парализираше земјата трет …
ВИДЕО | На позната водителка и “испаднаа“ градите за време на емисија во живо: Убавата Аргентинка позната по врските со успешните фудбалери доживеа невиден срам

Белен Родригез, атрактивна аргентинска водителка која стекна огромна популарност благодарение на љубовните врски со познати и богати спортисти, доживеа необична несреќа додека снимала ТВ емисија. Имено, на социјалните мрежи …

Тука се вклучува гарантирањето на независноста на телото кое е одговорно за воздухопловата навигација а второто се однесува во поглед на регрутирањето и ангажирањето дека се исполнети правните прашања и дека човечките ресурси се користат на начин кој што ќе ја гарантира безбедноста и ефикасноста на самата служба за навигација. Кога станува збор за различните тврдења во поглед на надворешните политички влијанија ги повикуваме властите да ги истражат и да дејствуваат. Кога станува збор за тврдењата во поглед на влегувањето во зградата, заканите и насилството, тоа се прашања кои треба да бидат истражени и доколку постои загриженост треба да се реагира за тоа – порача евроамбасадорот.

На прашањето како ја коментира одлуката на судот да не им се даде притвор на сторителите во случајот со М-НАВ, Гир одговори дека нема обичај да коментира одлуки на суд, но потсети дека јасно е кажано кои се обврските, односно гаранцијата на заштитата на овој и системите од критичната инфраструктура.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK