ноември 24, 2024

Гинтер Штајнер повеќе не е на чело на тимот на Хас во Формула 1. Штајнер беше тимски шеф од 2016 година.

Со штајнер како шеф на тимот, Хас во 2018 година ја освои пол-позицијата на патеката Интерлагос во Бразил.

Изминатата сезона Хас заврши на последното место во конкуренцијата на конструктори, поради што Штајнер мораше да го напушти тимот.

На местото на Штајнер како тимски шеф ќе дојде Ајао Комацу кој има искуство во Формула 1, прво работеше во Рено, од каде дојде во Хас.

Новата сезона во Формула 1 започнува во март со трката за Големата награда на Бахреин.

За Хас следната сезона ќе возат Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен.

The post Штајнер по осум години го напушти Хас appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK