мај 3, 2026

После 22 дена борба за живот, во болница починало двегодишно девојче од Кичево, а полицијата го сомничи триесетгодишниот нејзин татко Ф.Д. дека ја претепал по што таа од повредите починала.
Полицијата го лишила од слобода Ф.Д. дури вчера. Тој се сомничи дека на 18 декември во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка која била пренесена за болничка помош во болницата во Кичево, а потоа во Клинички центар во Скопје каде на 8 јануари починала.

„Слободен печат“ од полициски извори дознава зошто апсењето не се случило веднаш туку после 22 дена и откако девојчето било починато. Според нашите извори, мајката првично во полиција дала исказ дека девојчето паднало од височина, од мебел, односно од шкаф. Потоа девојчето било однесено во болницата во Кичево, од каде на полицијата не ѝ биле дадени информации дека се работи за претепување. Дури откако стигнале резултатите од обдукцијата, станало јасно дека се работи за претепување.
Слободен Печат

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK