мај 3, 2026

Здружението на инженери не се откажуваат од идејата државата сама да го гради Чебрен. Откако пропадна и 14. тендер – инженерите поднесоа иницијатива до Владата и Собранието, да се донесе Закон за проектот. Според нив единствено на овој начин ќе се спречи – судбината на енергетскиот проект да зависи само од политичката гарнитура која е на власт. На иницијативата на која се потпишани преку 20 експерти, наведени се повеќе причини зошто проектот треба да го гради самата држава. Според нив тоа ќе донесе огромни придобивки за целокупната економија во државата. -Очекуваме да се прифати иницијативата. Знаеме дека сме пред избори, но бидејќи рекоа дека нема иницијатива, поднесена е, а ние сме длабоко уверени, знаеме дека можеме како Македонија ова да го направиме, потребно е за државата, финансиски нема да биде преголем товар, изјави Константин Димитров, професор енергетика.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK