мај 3, 2026

Англискиот клуб Њукасл, познат како „најбогатиот клуб во светот“, забележа загуба од 85 милиони евра минатата сезона, пишува „The Athletic“. Мнозинската сопственост на клубот ја има инвестицискиот фонд ПИФ од Саудиска Арабија.

Атлетик пишува дека Њукасл ги зголемил трошоците, особено во однос на платите на играчите.

Клубот минатата сезона беше хит во Премиер лигата. Со не толку познати играчи успеа да го освои четвртото место и да се пласира во Лигата на шампионите. Но оваа сезона не му оди баш најдобро. На половина пат од натпреварувањето е на деветтото место на табелата и огромна разлика зад лидерот Ливерпул.

Њукасл ќе мора да се придржува до финансискиот фер-плеј, што значи дека ќе мора да надомести огромни загуби.

Можеби ќе треба да продадат некои од нивните најдобри и најскапи играчи.

The post „Најбогатиот клуб во светот“ е во негатива за 85 милиони евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK