мај 3, 2026

Нова афера со астрономски суми, односно сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ, реагираат од СДСМ денеска на прес-конференција.

Србија: Tатко си ги снимал малолетните ќерки со мажи и ги продавал снимките, уапсена и неговата партнерка

Маж од Крушевац и неговата емотивна партнерка се уапсени под сомнение дека сториле кривични дела против сексуалната слобода на штета на неговите малолетни ќерки од претходните бракови, а …
Зошто мажите повеќе ги сакаат „лошите“ девојки од „добрите“?

Одамна е познато дека „опасниците“ ги привлекуваат мажите,,Жените со став, кои се силни и независни од мажите, кои не се плашат да бидат искрени и саркастични, подобро поминуваат …

– Податоците и документите јавно објавени во дел од медиумите покажуваат дека градоначалниците на ДПМНЕ преку општините купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена.

Општина Битола на пример, набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, или точно 2 милиони и 950 илјади денари.

Иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку.

Замислете, станува збор за разлика од 47.000 евра!

Општина Велес исто така набавила ваква машина по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола?!

Дали е ова уште еден пример за рацете во медот на првите луѓе во општините од страна на ДПМНЕ?

Сите овие информации се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.

Го повикуваме надлежното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да постапат, да го испитаат целосно случајот.

Рацете во медот е одлика за градоначалниците од ДПМНЕ и Јавното обвинителство и ДКСК мора да постапат.

Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност, вели Каевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK