Foto/ EPA
Реал Мадрид ја декласира Барселона со 4:1 и го освои Суперкупот на Шпанија. На стадионот во Ријад блескаше Винисиус Жуниор со хет-трик.
Реал со доминантна партија, во ритамот на Винисисус Жуниор ја прегази Барселона.
Бразилецот го постигна првиот гол во седмата минута, а потоа во 10. минута по вторпат го совлада Инаки Пења.
Роберт Левандовски во 33. минута го намали резултатот, а шест минути подоцна Винисиус изнуди пенал.
Тој ја презеде одговорноста и во 39. минута го комплетираше хет-трикот.
Конечниот резултат го постави сонародникот на Винисиус, Родриго во 64.минута.
Барселона финалето го заврши со играч помалку. Роналд Араухо во 71.минута го доби вториот жолт картон.
The post (Видео) Реал го освои Суперкупот, во финалето ја декласира Барселона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
