јануари 10, 2025

Владата ја донела одлуката поради поволниот развој на меѓународни и регионални случувања и се стреми да добие превласт над опозицијата со исполнување на долгогодишното барање пред парламентарните избори.

Грција планира да ги прошири своите територијални води до 12 наутички милји на југ и запад од островот Крит во март, објавија денес локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Владата ја донела одлуката поради поволниот развој на меѓународни и регионални случувања и се стреми да добие превласт над опозицијата со исполнување на долгогодишното барање пред парламентарните избори закажани за летото 2023 година, објави онлајн весникот „In.Gr“, повикувајќи се на извори од Кабинетот на претседателот.

Едностраната одлука од Египет на 11 декември за демаркација на своите западни поморски граници со соседна Либија и истражувањата на американскиот енергетски гигант „Ексон мобил“ близу Крит, исто така, го поттикнале овој потег, според весникот.

Се додава дека грчките власти не очекуваат особено остра реакција од соседна Туркије во услови на зголемени тензии за голем број прашања, меѓу кои се Егејското Море, Источниот Медитеран, Кипар и акумулирањето на оружје.

Овој потег, исто така, значително ќе ѝ помогне на пошироката регионална стратегија на Атина да ја ограничи Анкара и нејзиното влијание врз Либија.

Од почетокот на ноември, Ексон мобил спроведува истражувања на два блока покрај Крит со надеж за откривање енергетски ресурси.

Како одговор на тоа, Либија ја обвини Грција дека ја искористува либиската криза и наметнува нешто како свршен чин и го осуди како неодговорното однесувањето на Атина за склучување договор со меѓународни компании за започнување истражувања на нивните меѓусебни поморски граници.

Грција се противи на договорот за поморските граници што во 2019 година го потпиша Владата на Триполи со Туркије, а кој подоцна беше регистриран од Обединетите нации.

Во октомври 2023 година, Либија и Туркије, исто така, потпишаа прелиминарен договор за истражување на енергетски ресурси.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK