мај 4, 2026

Петтиот екстремен маратон наречен „Поларен мраз Ојмјакон“, познат како најстудената трка во светот, се одржа на 13 јануари на -55 степени Целзиусови во Руската Република Јакутија , позната и како Република Саха.

Победник на оваа неверојатна трка е Константин Драгунов (24), руски студент кој истрча 42,2 километри за 3 часа и 7 минути.

– За малку ќе се изгубев. Маратонот е непредвидлив, особено на ова студено време. После 33 километри за малку ќе се онесвестив. Трчав на трката чисто за да си докажам дека можам. А победата му ја посветувам на дедо ми, кој неодамна почина – рече Драгунов.

На полумаратонот победи Леонид Жиков, кој истрча 21,1 километар за 1 час и 34 минути.

Драгунов е помошник тренер на тркачката на долги патеки, Сардана Трофимова, а според тамошните медиуми победил на многу национални и меѓународни трки, но првпат истрчал маратон.

Сибирското село Ојмјакон се смета за најстудено населено место во светот. Најниската температура некогаш измерена била -71,2 степени Целзиусови, во 1924 година.

Додека селото забележа рекордно висока температура од 34,6 Целзиусови степени во 2010 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK