мај 3, 2026

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на гости кај Еспањол (2:0), во натпреварот од 34-то коло на Ла Лига.

Најзаслужен за победата беше Винисиус, кој постигна голови во 55-та и 66-та минута од натпреварот.

Двата гола беа мајсторски. За 1:0, испрати во празно двајца противници, за 2:0 испрати вистински проектил зад грбот на Марко Дмитровиќ.

Со овој триумф, Реал ја одложи прославата на шампионската титула на Барселона, која има 11 бода повеќе на четири кола до крајот.

Во „Ел Класико“ на 10 мај, на Блауграната ќе и боде доволен еден бод за математички да го обезбеди трофејот.

Еспањол сè уште не обезбедил опстанок, има 39 бода и е на 13-то место, но реално не би требало да има поголеми проблеми и покрај тоа што овој тим се уште нема победа во 2026 година.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Винисиус со два гола ја одложи прославата на Барселона appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK