мај 4, 2026

На повидок е нов скандал во општините под капата на ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

– Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач.

Над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка.

Овие суми ги потврдува и Службениот гласник на општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година.

Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков.

Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си!?

Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец.

Не спасуваа од „бугаризација“, додека вртат левови: Како баџанакот на Мицкоски прави милиони евра од фирмата во Бугарија?

Лицемерието е веројатно главен белег на политиката на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на […]

АФЕРА ТРАКТОРЧЕ: ДПМНЕ фатени со рацете во медот, иста машина во Центар е купена по три пати пониска цена

ДПМНЕ пак е фатено со рацете во медот. Градоначалници на ДПМНЕ ги тресе […]

Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач: OJO и ДКСК да го поверат случајот

На повидок е нов скандал во општините под капата на ДПМНЕ, реагираат од […]

МИСТЕРИЈА ВО ВЕЛЕС: Пронајденото починато лице е маж кој исчезна минатиот јули

Познат е идентитетот на лицето кое беше пронајдено починато, во поодмината фаза во […]

Борел: Спречувањето на новото де факто принудно раселување од Газа е апсолутен приоритет

 – Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, […]

Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција.

Надлежно обинителство пак треба да утврди дали е прекршен кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач.

Сите аспекти треба да се утврдат затоа што постои основано сомневање дека на ваков начин може да се испумпуваат пари на граѓаните и потоа да се злоупотребуваат.

Нема општина во државата која е водена од ДПМНЕ а за која нема скандал поврзан со финансиите, јавните набавки и парите на граѓаните.

Ништо не е сменето во ДПМНЕ, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK