мај 4, 2026

Вчера попладне 42 годишен маж кој играл и изгубил пари во казино во Велес, подметнал пожар во во казиното, по што интервенирале противпожарната единица и полицијата.

Пожарот се случил во деловен простор од станбена зграда во близина на црквата Св. Јован во новиот дел на градот.

Пироманот бил веднаш уапсен од страна на полицијата информираат од МВР

„На 18. јануари во 18. часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(42 год) од село Бузалково, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес. Пожарот бил локализиран од страна на Територијална противпожарна единица Велес“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицето било приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

По пожарот причинета е значителна материјална штета, но нема повредени лица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK