мај 4, 2026

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава на настанот на осветувањето на водите на реката Вардар испрати порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека неговите министри нема да можат да учествуваат во техничката Влада доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат и не дадат поддршка за техничката Влада.

Тој потенцираше дека никаде во свет не постои пример во кој политичка партија учествува во Влада, а за истата не дал поддршка.

РУСКИ Т-90М УПАДНА ВО ЗАСЕДА НА 2 БРЕДЛИ: Шок снимка од Авдијивка, американски возила пукаат во тенкот, но оклопот трпи НЕВОЗМОЖНО (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое наводно […]

Мицкоски ќе остане без министри во техничката Влада: Ковачевски открива дека ако не ја поддржи Владата во истата нема да може да учествува

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава на настанот на осветувањето […]

СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА НОВИОТ ВИРУС, А ЕДНА ОПАСНА БОЛЕСТ Е ВЕЌЕ РАШИРЕНА: „Бројот на пациенти е ТРОЈНО ЗГОЛЕМЕН ЗА 30 години“

Светските лидери кои се собраа оваа недела на состанокот на […]

Koвачевски открива за што се разговарало на средбата со Заев и Ахмети

Премиерот Димитар Ковачевски се пофали со пријателството кое го има […]

ДУИ нема да гласа за предлозите на ВМРО за министри во техничката влада!

Извори од Демократската Унија за Интеграција за телевизијата Клан Македонија […]

-Ако некој учествува во Влада, тоа значи дека таа Влада треба да се поддржи. Во светот не постои искуство и пример, да политичка партија учествува во Влада, а притоа да не ја поддржи таа Влада. Постојат примери во кои што политичка партија не учествува во Влада ама ја поддржува. Не постои пример да политичка партија земе учество во Владата ама не гласа за Владата. Затоа сметам дека ВМРО-ДПМНЕ соогласно Закон исто како сите други политички партии кои се повикани да имаат министри во техничката Влада треба ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада. Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа Влада тогаш сметам дека тие места треба да останат празни, мандатарот да предложи Влада во која тие мести ќе бидат празни и во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи Владата тогаш наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои што на нив им следуваат, вели Ковачевски.

Ковачевски одговори и најавите на Мицкоски дека неговите министри во техничката Влада нема да присуствуваат на седниците на Влада.

-Да не се присуствува на седници на Влада во Владата во која што сте член, не можам да го коментирам, истакна Ковачевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK