мај 4, 2026

Наградата за најистакнат играч (МВП) на АБА лигата ќе го носи името на Дејан Милојевиќ.

Како што објави порталот „24sedam.rs“, ова признание во иднина ќе го носи името на Дејан Милојевиќ, а Претседателството на регионалната лига веднаш ја покренало иницијативата и треба само да ги помине сите процедури, за да може да се официјализира.

Мишко Ражнатовиќ, првиот човек на КК Мега, претходно најави дека салата во која неговиот тим ги игра натпреварите во иднина ќе се вика по Дејан Милојевиќ.

Српскиот тренер почина во САД на 47-годишна возраст од срцев удар.

The post МВП трофејот на АБА лигата ќе го носи името на Дејан Милојевиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK