мај 4, 2026

Имате неколку неуспешни врски зад себе, доста ви е од неуспешни состаноци и полека ја губите вербата дека ќе го најдете „вистинскиот“?

Затоа е крајно време да го смените пристапот.

Терапевтот и сексолог Шарлин Даглас вели дека првиот проблем е што многумина потенцијалните партнери ги бараат исклучиво преку Интернет.

ЈА БАРАА ДВЕ ГОДИНИ: Шампионката Румушка исчезнала по расправија со нејзиното момче, сега нејзиното тело е пронајдено

Телото на Андреа Рабчицу (27), романска шампионка во стрелаштво, била пронајдено […]

Неочекувана помош: Путерот може да ви помогне во слабеење, но само под еден услов!

Путерот е богат со хранливи материи и содржи корисни соединенија на […]

Терапевтите советуваат: Како да го пронајдете оној ВИСТИНСКИОТ, и да ја избегнете ОГРОМНАТА грешка што многумина ја прават?

Имате неколку неуспешни врски зад себе, доста ви е од неуспешни […]

БЛОКАДА на ГЕРМАНИЈА: Сè стои, иглата нема каде да падне!

По неколкудневните масовни протести во Германија, десетици илјади луѓе се очекува […]

ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Страшна епидемија ни доаѓа од Сибир

Вирусите заробени во арктичкиот вечен мраз во Сибир би можеле повторно […]

– Многу луѓе се фокусираат само на апликациите за запознавање и немаат успех. Кога ќе вложите минимален напор само да гледате и да скролате, можеби ќе го сретнете човекот од вашите соништа, но ништо не е подобро од тоа да излезете и водите вистински разговори, вели Шарлин.

Ако веќе останувате на интернет, таа предлага и вие да излезете и да комуницирате со другите.

– Мора стратешки да ги избирате местата каде што одите. Можете да одите на вечери за самци, дали постои хоби што можете да го правите, а е доста интерактивно и каде можете да разговарате со други, објаснува таа.

Шарлин исто така препорачува, особено за слободните жени, некои работи да ги прават сами. Кога сте сами, другите ви приоѓаат и ве поздравуваат.

Контактот со очите е исто така многу важен.

– Кога сум сама, ми приоѓаат непознати мажи да се поздрават и да разговараат, повеќе отколку кога сум со пријателките, бидејќи тогаш им е многу понепријатно – истакнува Шарлин.

Можете сами да одите во театар или во кафуле.

– Моја пријателка отишла во кафуле и седнала покрај прозорецот. Ги привлекла погледите на многу мажи кои минувале и и се насмевнале. Била толку шокирана што останала еден час повеќе отколку што вообичаено би останала – вели Шарлин.

Таа споменува и голема грешка која многу луѓе ја прават во врските.

– Успешната врска бара труд. Не верувајте во митот дека се сакате еден со друг и тоа е сè што е потребно. Мора да се потрудите да ги одржите живи интимните односи и врската. Толку многу луѓе раскинуваат, а потоа велат дека тоа е затоа што се фокусирале на други работи – предупредува Шарлин Даглас.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK