мај 4, 2026

Се вели дека е пронајдена дрога со „висока чистота“.

Колумбиската полиција спроведе две операции против шверц на дрога во пристаништето Санта Марта во кои беа запленети 2.600 килограми кокаин со “висока чистота”. Порталот El Tiempo наведува дека е можно дрогата да била наменета за балканскиот картел, пренесува РТС .

Според полициски извори, првата заплена била извршена при проверка на товарни контејнери лоцирани во пристаништето Санта Марта.

На лице место бил прегледан контејнер за кој било пријавено дека е товар со банани кој требало да биде пренесен во Холандија .

Меѓутоа, утврдено е дека товарот содржи кокаин тежок 2.397 килограми.

El general Willian René Salamanca @DirectorPolicia @PoliciaColombia confirmó la incautación de 2.600 kilos de cocaína pura en el Puerto de Santa Marta rumbo a Bélgica y Holanda. Los detalles vía: @ELTIEMPO pic.twitter.com/nHbOsiZzAx

— Justicia EL TIEMPO (@JusticiaET) January 20, 2024

Втората операција е извршена во пристаништето преку проверка на товар со банани, кој како крајна дестинација го имал пристаништето Антверпен во Белгија. Во таа акција запленети се 196 килограми кокаин.

Според порталот, не е исклучено кокаинот да бил наменет за дилери на дрога од таканаречениот балкански картел.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK