мај 5, 2026

Луѓето во Велика Британија треба да бидат подготвени да служат војска во случај на војна со Русија, предупреди денеска началникот на Генералштабот на британската армија, Патрик Сандерс.

Во говорот на Меѓународната изложба на оклопни возила во Лондон, тој ги повика британските власти да ја „мобилизираат нацијата“ за да се подготват за војна со Русија, објави бриселскиот портал Политико.

Која е сопругата на Гвардиола: Се сакаат уште од тинејџерските денови, таа преживеа терористички напад со своите деца

Пеп Гвардиола беше прогласен за најдобар тренер во светот во 2023 година. […]

Истакнато само албанско знаме во Тетово, а ДПМНЕ молчи пред Беса

До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека […]

Џафери потврди – Утре оставки и почнува процесот за избор на техничка влада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги соопшти точните датуми на седниците за […]

Ковачевски- Агелер: САД сакаат да ја видат Македонија што поскоро во ЕУ

На денешната средба со американската амбасадорка Агелер, уште еднаш беше потврдена цврстата […]

Голема инвестиција на Лидл во Македонија ги спои Ковачевски и Димитриевски: Со вкупно 80 милиони евра Лидл ќе отвори повеќе од 150 работни места

Лидл денеска ја претстави својата најголема инвестиција во Македонија, логистичкиот центар во […]

Иако не поддржува регрутирање, Сандерс ја нагласи потребата од „промена“ на ставот на британската јавност за да биде ментално подготвена за воен конфликт со Русија.

Говорот на Сандерс дојде откако други западни воени лидери и највисоки претставници на одбраната претходно предупредија на ризикот од голема војна меѓу Москва и НАТО. По нападот на Украина, владата на рускиот претседател Владимир Путин ја засили, според порталот, воинствена реторика против соседните земји, вклучително и балтичките земји, кои се членки на НАТО, и Молдавија.

Минатата недела германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека рускиот напад врз НАТО е можен за пет до осум години.

Холандскиот адмирал Роб Бауер, висок функционер на НАТО, претходно изјави дека воениот блок се соочува со „најопасниот свет во последните децении“ и повика на „борбена трансформација на НАТО“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK