мај 5, 2026

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги соопшти точните датуми на седниците за оставки и избор на техничка влада. Во согласност со премиерот определивме рамковни рокови кои почнуваат од утре за поднесување оставки и закажување седница за констатирање на оставките, потврди Џафери.

Која е сопругата на Гвардиола: Се сакаат уште од тинејџерските денови, таа преживеа терористички напад со своите деца

Пеп Гвардиола беше прогласен за најдобар тренер во светот во 2023 година. Славниот […]

Истакнато само албанско знаме во Тетово, а ДПМНЕ молчи пред Беса

До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на […]

Џафери потврди – Утре оставки и почнува процесот за избор на техничка влада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги соопшти точните датуми на седниците за оставки […]

Ковачевски- Агелер: САД сакаат да ја видат Македонија што поскоро во ЕУ

На денешната средба со американската амбасадорка Агелер, уште еднаш беше потврдена цврстата поддршка […]

Голема инвестиција на Лидл во Македонија ги спои Ковачевски и Димитриевски: Со вкупно 80 милиони евра Лидл ќе отвори повеќе од 150 работни места

Лидл денеска ја претстави својата најголема инвестиција во Македонија, логистичкиот центар во близина […]

„За 26 овој месец се отвара патот за почнување на процедурите за избор на нов претседател на собранието, определување мандатар потоа и две последователни седници“, вели Џафери.

Според договореното утре почнува процесот со оставка на премиерот, а на седницата закажана за 26 јануари, овие оставки ќе се констатираат по што се известува претседателот на државата дека владата е во оставка.

Предлог програма и состав на влада треба да се достави на 27 до собранието и на 28 на седница да биде на дневен ред избор на техничка влада. Во исто време на 28 ќе се извести ДИК за престанок на мандат на пратеник од И.Е 5. Потоа следи достава на предлог програма и имиња на министри и заменици министри. Џафери очекува дека на истата седница да биде и изборот.

Составот на влада мора да е целосен за да стапи на сила преодната влада 100 дена пред изборите.

Активностите во Собранието започнуваат со констатирање на оставките на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, изборот на новиот претседател на Собранието, Јован Митрески, потоа известувањето на претседателот на државата за доделувањето на мандатот на новиот премиер, изборната влада, министрите, замениците министри и дополнителните заменици министри, како и изјавата за престанок на мандатот на Пратеник и верификацијата на мандатот на новиот пратеник во ИЕ 5.

Македонија до недела на полноќ (28 јануари) треба да има трета преодна влада на чело со Џафери.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ потврди дека вечерва по партискиот Извршен комитет ќе ги соопшти имињата на техничките министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика и за дополнителни министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.

Талат Џафери, на прашање дали владата ќе биде комплетна со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ако достават имиња, да, бидејќи така налага законот.

„Владата ќе биде во склад на Уставот и законот. Ако има предлози од ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе бидат во техничката Влада“, рече Џафери

Техничката влада се избира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели порано, на 24 април, ќе се одржат и претседателските избори.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK