Зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени ќе ја чини Европа 872 милијарди евра до 2100 година. Најзагрозени области се делови од Италија, Франција, Холандија, Данска и балтичките земји, се вели во студијата објавена во научното списание Scientific Reports.
Резултатите од студијата сугерираат дека е неопходно да се воведат економски мерки за регионите на кои им се заканува пораст на нивото на морето, велат авторите на студијата.
Кремљ збори едно, Киев друго – кој е виновен за „мистериозниот“ пад на рускиот авион?
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДОНАЛД ТРАМП? Снимките од Њу Хемпшир отворија бројни шпекулации
ЕВРОПА пред КАТАСТРОФА!? Научниците откриваат дека еден проблем може да го уништи континентот
Истражувачите го симулираа потенцијалното економско влијание на порастот на нивото на морето во 271 европски регион од сега до 2100 година, во сценарио кое претпоставува високи нивоа на штетни емисии и без мерки за заштита на крајбрежјето.
Според тоа сценарио, Италија би била меѓу најтешко погодените земји.
Целните инвестиции во логистиката, јавните услуги и градежништвото би можеле да ги намалат потенцијалните економски загуби од порастот на нивото на морето, заклучуваат научниците.
Истражувањето го спроведе холандскиот технолошки Универзитет „Делфт“ во соработка со Европскиот Институт за економија и животна средина во Милано и Универзитетот „Ка Фоскари“ во Венеција.
Следете не, не има насекаде
