септември 21, 2024

Некои работи луѓето ги сфаќаат работите здраво за готово, особено кога станува збор за подготовката на едноставни јадења. Дали некогаш сте се запрашале дали правилно ги пржите колбасите?

Готвач од ресторан со Мишелин ѕвезда ја откри тајната за совршено подготвени колбаси и даде совети како да ги подготвите, а да ги избегнете најчестите грешки кои сите ги прават.
Џеф Бејкер, кој ја имал честа да готви за британската кралица, ја откри тајната како да подготвите совршени колбаси во неколку лесни чекори.

Извадете ги колбасите од фрижидер, да постојат 20 минути на собна температура пред готвење. Ова помага колбасот рамномерно да се испржи и спречува пукање на цревото на колбасите, кога ќе се загреат.
Колбасите ставете ги во поголема тава за пржење, со дно што не лепи. Претходно нека биде загреано на ниска или на средна температура.

Додадете масло и внимавајте целата површина да биде премачкана. Со редовното превртување на колбасите, ќе ја добијат препознатливата златна боја. Џеф препорачува подебелите колбаси да ги пржите 10 до 12 минути.
Пред сервирање, оставете ги колбасите да потстојат. Откако ќе се испржат, ќе бидат тврди на допир, со внатрешна температура од 70 степени. Тајната е во тоа да ги оставите малку да се оладат за месото да се опушти. Со тоа ќе добиете мек и сочен колбас, пишува Daily Star.

Кои грешки ги правиме додека подготвуваме колбаси?
Прва е боцкaњето со виљушка во текот на пржење, на овој начин истекува природниот сок од колбасите што значи дека на крајот бидат суви и без вкус.

Џеф апелира колбасите никогаш да не ги пржите во многу масло или во фритеза, бидејќи така може да ги исушите.
Што се однесува до печењето во рерна, со оваа метода вашиот колбас никогаш нема да има крцкава кора, иако оваа опција на подготвување ви звучи како најздрава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK