Руската новинска агенција РИА јавува дека рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Калининград.
Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека посетата нема за цел да испрати порака до НАТО.
Сепак, Кремљ соопшти дека „милитаристичките изјави на балтичките земји“ покажуваат дека постои ризик за Калининград.
ХУТИТЕ СЕ ПОАГРЕСИВНИ: Директен удар во американската флота, конфликтот траеше повеќе од два часа
ГУЖВА НА НЕБОТО: Голем број на НАТО авиони го следеа движењето на ПУТИН кон Калининград
ОВА НЕ Е ПОРАКА до НАТО Рускиот претседател Владимир Путин во ненадејна посета на Калининград
Руската новинска агенција Тас пренесува дека распоредот на Путин вклучува посети на тамошните студенти и средба со регионалниот гувернер.
Се известува и дека Путин официјално ќе отвори фабрика за производство на соларни батерии.
Калининград е руска ексклава на Балтичкото Море, стисната помеѓу Полска и Литванија.
Блиску до Калининград е клучниот коридор Сувалки, кој се наоѓа на границата меѓу Литванија и Полска, меѓу сојузникот на Москва Белорусија и руската енклава, која се смета за „Ахилова пета на НАТО“.
Следете не, не има насекаде
