мај 5, 2026

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ф.(61),И.Ш.(55) и М.Х.(39), сите тројца  од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови” по член 55 од Законот за девизно работење.

Имено на 13.01.2024, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал извршиле претреси во три деловни простории во Скопје, при што ги затекнале пријавените при неовластено вршење купопродажба на странски пари односно работеле како менувачници без да имаат регистрирано правно лице во Централен регистар и без овластување издадена од Народна Банка на РСМ.

При претресите биле пронајдени машина за броење на пари,поголема сума на  пари во различни апоени и валути и други предмети.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK