Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо имал „политичка забрана“ на Светското првенство во Катар.
„Тие го потрошија . За жал, му наметнаа политичка забрана. Ставањето играч како него на теренот на само 30 минути пред крајот беше начин да му се уништи психологијата и да му се одземе енергијата“ , рече Ердоган.
„Роналдо е некој кој се залага за Палестина.
Роналдо, потсетуваме, беше многу несреќен по елиминацијата од Мундијалот во четвртфиналниот меч против Мароко, кога го започна натпреварот од клупата за резерви, но доби шанса во вториот дел и не успеа да им помогне на соиграчите да избегнат пораз.
Тој во солзи отиде во соблекувалната, подоцна изјави дека неговиот најголем сон во фудбалската кариера бил скратен, но дека е подготвен да продолжи понатаму и дека го чекаат нови предизвици. За потсетување, тој моментално е без клуб откако го раскина договорот со Манчестер Јунајтед во пресрет на Мундијалот.
Следете не, не има насекаде