Англиските медиуми пишуваат дека шпанскиот голман Давид Де Хеа од летото 2023 година ќе биде слободен играч и ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Според информациите, неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од оваа сезона, а челниците на овој клуб не сакаат да го продолжат и да му дадат нов.
Како што е во моментов, поточно по заминувањето на Роналдо, најплатениот играч на тимот од Олд Трафорд, ова би можело значително да го растовари буџетот на клубот и да ја отвори вратата за некои други опции, а исто така се додава дека позицијата прв голман во следната сезона треба да оди кај Дин Хендерсон, Англичанец кој брани брилијантно како позајмен во Нотингем Форест.
Де Геа пристигна во Манчестер Јунајтед во 2011 година од Атлетико Мадрид и со години важеше за еден од најдобрите голмани во Премиер лигата.
Сепак, во последните неколку години неговата форма осцилира и тоа е главната причина поради која Манчестер Јунајтед сака да ја прекине соработката со него.
Исто така, се додава дека, покрај споменатиот Хендерсон, опции за првата голманска позиција се Коста од Порто и Зомер од Борусија М’гладбах.
Следете не, не има насекаде