Кинеската армија во изминатите 24 часа испрати 71 борбен авион и седум бродови во Тајван, соопшти денеска Министерството за одбрана во Тајпеј, бидејќи Пекинг изрази незадоволство што САД во својот буџет за одбрана ја вклучиле соработката со Тајван.
ДЕМОНСТРАЦИЈА НА МОЌ ВО ПАЦИФИК: Кина за 24 часа испрати 71 борбен авион и 7 бродови во Тајван!
Тоа е цврст одговор на ескалациите и провокациите на Тајван и САД, соопшти кинеската војска и нареди да се вршат борбени патроли и вежби за гаѓање во водите околу островите, пренесува АП.
Во Вашингтон беше усвоен нацрт-законот за буџетот за одбрана, нарекувајќи ја Кина стратешки предизвик и овластувајќи посилна безбедносна соработка со Тајпеј.
Следете не, не има насекаде