мај 6, 2026

Полициски службеници на СВР Тетово, денеска (31 јануари) околу 8 часот и 10 минути во тетовски Требош го лишиле од слобода 23-годишниот Ш.С. од ова село поради сомнение дека извршил кражба на акумулатори од товарни возила и работни машини, сопственост на градежна фирма од тетовско Желино, кои потоа ги нудел за продажба на други лица.

Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK