мај 6, 2026

Актерката Елизабет Мос (41) потврди дека е бремена и го очекува своето прво дете. Таа гостуваше во емисијата Jimmy Kimmel Live, во која се појави со труднички стомак.

„Дали си бремена или само неверојатно посветена актерка?“, праша водителот.

„Малку од двете“, одговори актерката.

Таа зборуваше за нејзината бременост кога Џими ја праша како се чувствува.

„Не е лошо. Навистина имам среќа. Сè оди добро“, рече таа.

Инаку, Мос е таинствена за приватниот живот и не е познато кој е татко на нејзиното дете.

Претходно се шпекулираше дека Мос е бремена на сетот на новиот трилер „Школка“ што го снима.

За време на снимањето, таа е видена како носи розова наметка која ѝ го покривала стомакот.

 

The post Елизабет Мос откри дека е бремена, не е познато кој е таткото appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK