„Изминатите седум години се што било наша проекција за раст било реално. Дури и во најголемите кризи, од 2020 година со ковид кризата, па наваму, сакаме да сме реални. Немаме големи промашувања, затоа сум оптимист дека независно од трите месеци изборен период, растот годинава ќе биде околу три отсто“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24.
Тој додаде дека одредени проекти се почнати и независно од изборите ќе продолжат, бидејќи сите предуслови за нив се исполнети.
„Оваа недела во собраниска процедура се влезени четири стратешки инвестиции во делот на енергетеиката. На 7 февруари во Собрание се на двневен ред. Зборуваме за четири големи инвестиции од околу 800 милиони евра кои ќе ни помогнат во енергетската транзиција“ рече Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека освен овие четири инвестиции во енергетиката има уште три-четири стратешки инвестиции кои биле преговарани, но не успеале да стигнат до завршна фаза.
<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250