септември 19, 2024

Баерн Минхен го донесе и третото засилување во зимскиот преоден рок. По Саша Бое и Ерик Даер во Минхен дојде и Брајан Сарагоса.

Најтрофејниот германски клуб, пред два месеци ја изненади јавноста кога објави дека ја активирале откупната клаузула во договорот (13 милиони евра) на Брајан Сарагоса. Крилниот напаѓач на Гранада потпиша договор до јуни 2029 година.

Баерн го купи крилниот напаѓач за наредната сезона, но повредите во тимот ги натераа Баварците да го ангажираат порано од планираното. Баерн остана на неодредено време без Серж Гнабри и Кингсли Коман.

Повредите на овие двајца ги натераа челниците на Баерн да го донесат Сарагоса порано од планираното. Неговиот клуб Гранада успеа да издејствува доплата од Баварците која изнесува меѓу четири и пет милиони евра.

The post Баерн мораше да го ангажира Сарагоса appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK