септември 19, 2024

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во куса изјава за МИА потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека не е заинтересиран.

-Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран, рече Таравари.

Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.

-Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори, потенцираше Касами.
Alsat

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK