септември 19, 2024

Најмалку три лица се убиени во престрелката што се случила во продавница за автоделови во Долтон, Илиноис. Според првичните информации застрелани се неколку луѓе. Како што јавува Мирор на паркингот пред продавницата може да се забележат автомобили изрешетани со дупки од куршуми. Област е преполна со полиција која го истражува инцидентот. Според информациите пукањето започнало 10:30 часот по локално време.

На местото на настанот биле повикани неколку возила на брза помош и противпожарни возила. Се верува дека до пукањето дошло откако два автомобила се судриле еден блок подалеку од продавницата, но завршиле на нејзиниот паркинг. Очевидци велат дека полицајците им кажале дека пукачите со пушки скокнале од автомобилите и пукале еден кон друг.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK