септември 19, 2024

Вчера 19-годишен турски државјанин со престој во Скопје бил примен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во тешка здравствена состојба, по што починал.

Како што информираа од МВР, кај турскиот државјанин О. Ј. немало видливи траги на насилство.

Деветнаесетгодишникот бил примен на клиниките околу 10. 15 часот во тешка здравствена состојба. Тој починал околу 12. 40. часот. Случајот бил пријавен вчера во 14. 30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, информира МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK