септември 20, 2024

Денеска од раните утрински часови, на минусни температури, најмалку 200 граѓани чекаат во долгата редица пред пунктот на МВР за издавање лични документи во полициската станица „Пролет“ во Скопје.
Граѓаните се пожалија дека полицајци од полициската станица терале шега со нив и им велеле дека денеска пунктот не работи.

– Ни велат дека шалтерите денеска не работат иако во медиумите имаше најава дека и денеска ќе може да се поднесат документи за нови лични исправи. Вакви понижување на својот народ немало никаде, изјави за А1он скопјанка која уште од шест часот чека ред пред пунктот во полициската станица.
Од Министерството за внатрешни работи имаше известување дека денеска, сабота, ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје. Но граѓаните реагираат дека токму тоа е забуната.

-Ние не чекаме за подигнување на лични документи, туку за да ја почнеме постапката. Досега секоја сабота работеше овој пункт, реагираат тие.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK