Над половина од Македонците не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење. Ова го покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.
Полошо од Македонија е во Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, во Турција (60,8%), во Романија (62,5%), во Црна Гора (67,2%) и во Косово (69,5%).
Во соседна Грција овој процент на луѓе кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, Хрватска 41,7, а во Словенија 16,7.
Одмор подолг од една недела во текот на годината најмногу можат да си дозволат жителите на Луксембург каде што таква можност немаат само 7,6 отсто, во Норвешка (7,9%), Швајцарија (8,4%) и во Исланд (8,6%).
На одмор не можат да одат и 21,9% од Германците, 23,4% од Британците, 25,4% од Французите и 36,6% од Шпанците.
Следете не, не има насекаде