септември 20, 2024

На 08.02.2024 / чет./ со почеток во 12,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена 31-та Меѓународната Лесновска ликовна колонија . Изложбата содржи 30 слики изработени од 17-те автори учесници на колонијата.

Меѓународната Лесновска ликовна колонија започнува да се организира далечната 1992 година. Организатор на колонијата е Домот на културата “Злетовски рудар” –Пробиштип ,со финансиска подршка од Општина Пробиштип, a оваа година е избрана на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата 2023 год. Денес таа прераснува во голема културна манифестација и е препознатлив белег на општина Пробиштип.

Стотици уметници од многу краеви на светот учествувале на Лесновската ликовна колонија,зад себе оставајќи голем број на уметнички дела ,кои се дел од богатата збирка на уметнички дела при Дом на културата “Злетовски рудар”.

На 31 –вата Лесновска ликовна колонија учество зедоа 17 уметници , најмногу од нашата држава но и уметници од Р.Србија и Р.Бугарија и Данска. На оваа колонија се насликаа 30 уметнички дела .Колонијата се одржа од 28.06.2023-02.07.2023 година.

Уметници учесници на 31 –та Лесновска ликовна колонија се:
-Бисер Кирилов
-Бисер Лапев
-Горан Боев
-Васко Гаврилов
-Валентина Илијевска
-Ѓорги Иванов
-Јован Јованов
-Бојан Тосевски
-Ѓоко Антониев
-Мики Иванов
-Данчо Ордев
-Дарко заревски
-Драган Кузмановски
-Силвана Миленкова
-Тони Чатлески
– Филип Јовевски
-Христина Стојчевска
Изложбата ќе биде поставена до 21.02.2024 г.

The post 31-ва Меѓународна Лесновска Ликовна колонија во Куманово appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK