септември 20, 2024

Нил Ворнок (76), синоќа дебитираше на клупата на Абердин. На дебито загуби на „Ајброкс“ во Глазгов од Ренџерс со 2:1. Единствениот гол за Абердин го постигна Бојан Миовски.

Бојан Миовски игра во фанатстична форма, досега има постигнато 13 голови во Премиер лигата на Шкотска, седум од нив на последните осум натпревари.

По натпреварот Ворнок на прес конференцијата не ги штедеше комплиментите за играта на Миовски.

„Му реков дека во Премир лигата не сум видел играч како него. Драго мие што не беше продаден во зимскиот преоден рок. Сигурен сум дека сезонава ќе постигне 30 голови. Абердин ќе заработи многу кога ќе реши да го продаде.“

The post „Играч како Миовски нема во Шкотска“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK