септември 20, 2024

– Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, вчера разговараше за безбедносната ситуација во врска со нуклеарната електрана Запорожје, најголема во Европа и меѓу 10-те најголеми во светот, со лидерот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Рафаел Гроси во украинскиот главен град Киев.

„Страните разговараа за моменталната безбедносна ситуација во привремено окупираната нуклеарна електрана Запорожје и ризиците што ги претставува нејзината окупација од страна на трупите“, се вели во соопштението на украинското Претседателство.

Израелски медиуми: Нетанјаху се согласил за прекин на огнот без консултирање со Воениот кабинет

– Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се согласи со предлогот на […]

Шефот на УНРВА, Лазарини: Повеќе од 100.000 луѓе се убиени, ранети или исчезнале во израелските напади врз Појасот Газа

– Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци […]

Зеленски разговарал со шефот на ИАЕА за безбедносната ситуација во нуклеарната електрана Запорожје

– Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, вчера разговараше за безбедносната ситуација […]

Тиктокерот уапсен во Грција е Албанец, злоупотребувал лица со попреченост и девојчиња

Флорјан Зани, познат како Хајат e лицето кое го уапси грчката полиција под […]

Стано: Косово ризикува да заостане на патот кон ЕУ поради едностраните дејства

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска во Брисел изјави дека […]

Зеленски рекол дека единствен начин да се спречи нуклеарна несреќа во постројката е „нејзина потполна демилитаризација, деокупација и повторно воспоставување контрола над постројката од страна на Украина“.

Електраната во Запорожје е под контрола на Русија од март 2022 година, набргу по започнувањето на војната во Украина. Оттогаш постои страв од нуклеарна катастрофа, бидејќи Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирања во близина на електраната.

„Значаен разговор со претседателот Зеленски непосредно пред заминување на првата линија и нуклеарната електрана Запорожје. ИАЕА ја продолжува својата работа на спречување нуклеарна несреќа во Украина. Ви благодарам претседателе Зеленски на вашата поддршка во овие напори“, напиша Гроси на социјалната мрежа Х.

Претходно, во текот на денот, Гроси разговараше и со украинскиот министер за енергетика, Херман Халушченко, како и со Олех Кориков, вршителот на должност шеф на Украинскиот државен инспекторат за нуклеарна регулатива, и со Петро Котин, шефот на Енергоатом, украинскиот национален снабдувач со нуклеарна енергија.

Според ИАЕА, Гроси ќе патува во Запорожје „за да разговара и да ги оцени важните прашања и развој на настаните што се однесуваат на сѐ уште кревката нуклеарна сигурност и безбедносна ситуација на таа локација, вклучувајќи го и намалениот број персонал што работи во оваа голема постројка“.

Гроси по четврти пат ќе ја премине линијата на фронтот за да ја посети нуклеарната електрана Запорожје, чии шест реактори се затворени речиси 18 месеци и не произведуваат електрична енергија, но сѐ уште содржат големи количества нуклеарно гориво кое мора да се чува на безбедно, вклучувајќи соодветно ладење и безбедност, соопштија од ИАЕА.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK