септември 20, 2024

Комисијата за заразни болести одлучи да препорача прогласување на епидемија на голема кашлица на територија на градот Скопје. Според д-р Александар Петличковски, претседател на КЗБ, прогласување на епидемија не звучи страшно, но реално треба да олесни во справување со ризикот кој доаѓа.

Според информациите, има нови 18 потврдени случаи со голема кашлица на територија на цела држава, од кои 14 на територија на главниот град.

Петличковски вели дека клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини. Треба да се поправи тоа што е промашено, додаде Петличковски.

-Препорачуваме забрана за прием на невакцинирани деца во градинка за голема кашлица. Очекуваме овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација. Фокусот е да се заштитат најмалите, рече претседателот на КЗБ.

Според Петличковски, заразноста не е долга и трае неколку дена, а инкубацискиот период може да се движи од 7 до 21 ден.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK