септември 20, 2024

Државниот инспекторат утврдил повеќе пропусти во постапките за вработување во М-НАВ.

Државниот инспекторат за труд при извршениот вонреден инспекциски надзор во М-НАВ констатирал нерегуларности.  Разгледуваат 4 јавни огласи. ДИТ констатирал дека без образложение се ангажирале лица за одредени позиции, а други кои ги исполнувале условите воопшто не се земени предвид при ангажманот. Работодавецот немал писмен доказ за изведени интервјуа со кандидатите, а воедно барал да услови кои воопшто не биле споменати во систематизацијата на тие работни позиции.

„Работодавецот без основ ги поништил одлуките на четворица кандидати за работните места студент-инженер и студент-техничар и покрај тоа што можел да спроведе законска постапка за вработување и во фискалната 2024-та година“, стои во соопштението.

Прекршувањето на законот ќе го чини М-НАВ 600 евра, додека одговорните лица се казнети со по 400 евра. 

Ова следи откако претходно имаше упад во М-НАВ, односно група нападна вработени и ја доведе во ризик безбедноста во авиосообраќајот. 

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK