септември 20, 2024

– Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми најавија дека ќе се пролонгира рокот за иградба на автопатот Кичево-Охрид, поради свлечиштата кои се појавиле на трасата.

– Ова е типичен пример, како во нашата држава ние реализираме еден многу лош проект. Ова го кажуваат експертите, ова го кажува и извештајот од Државен завод за ревизија, ова го кажува и ФИДИК експертот со неговиот извештај. Затоа сме сите тука заедно, да ги гледаме сите овие проблеми што се појавуваат на изградба на овој автопат, рече Рустеми.

Тој посочи дека на првите две делници од автопатот до сега се појавиле 13 свлечишта од кои две се од понов датум. Како можно решение тој напомена дека е потребно во наредниов период ЈП за државни патишта, треба да избере и најде технички решенија.

Министерот Бочварски смета дека се работи за специфични проектантски дејности, за кои како што нагласи, треба внимателно да се известува јавноста за постапките што ќе следуваат наредниот период.

– Треба да се отвори постапка за дополнително проектирање, потоа да се свика ревизија на таа проектна документација, од која ќе произлезе и предмет-пресметка што ќе ги даде количините и начинот на новата реализација односно решавањето на тие косини, по што ќе влезе механизацијата да работи на трасата според новата проектна документација, рече Бочварски кој посочи дека и во извештајот од ФИДИК експертот се посочуваат проблеми во техничко-проектната документација.

Министерот додаде дека на делниците на трасата каде нема новонастанати проблеми, градежните работи се одвиваат тековно, а во однос договорот со „Синохидро“ се преговара за новите рокови за реализација, за што јавноста ќе биде дополнително информирана. Околу дополнителните трошоци кои евентуално би се појавиле, министерот Бочварски и директорот на ЈПДП напоменаа дека по појавата на свлечиштата на трасата дека прво ние треба да се најдат решенија, а подоцна ќе се знае дали за тоа ќе бидат потребни дополнителни финансиски средства.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK