септември 21, 2024

Министерот Оливер Спасовски му го честита 101-от роденден на Стојановски, претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ на Македонија.
Со длабока почит упатувам честитки по повод 101-от роденден на Претседателот на Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија, д-р Никола Стојановски.

Неговиот вековен придонес кон нашата историја и непрекинатата служба кон македонскиот народ и современата македонска држава, се темелите на денешната Македонија. Храброста, решителноста и жртвата во името на националната слобода се вечни паметници што го обликуваат нашето општество.

Почитуван д-р Стојановски,

Ви посакувам здравје, среќа и многу радости. Нека Вашите денови бидат исполнети со љубовта на Вашите најблиски и почитта која ја има целата нација кон Вас. Вашите дела и посветеност кон праведна борба остануваат живи во сеќавањата на македонскиот народ и служат како водич за идните генерации.

Вашата историја е нашата историја, Вашата борба е наша борба за европска Македонија.

Ви благодарам за Вашиот несебичен придонес кон нашата земја. Нека Вашиот 101-ви роденден биде одраз на неизмерната благодарност што ја чувствуваме сите ние за Вашата служба.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK