ноември 10, 2024

Турскиот актер Мехмет Гунсур се прослави во хит серијата Сулејман Величествениот, во која го отелотвори ликот на принцот Мустафа, најстариот син на Сулејман. Актерот, кој сега има 47 години, има татарско потекло, а кариерата ја започнал како дете, на седумгодишна возраст кога почнал да се појавува во разни реклами.

Првата телевизиска улога ја добил на 14 години кога се појавил во серии во режија на Окан Ујсалер, а по дипломирањето за комуникација настапувал на концерти со бенд и отворил ресторан. Откако доби улога во филмот Хамам, тој се посвети на актерството и оттогаш глумеше во бројни филмови и серии, а неодамна се појави и во серијата „Подарок“ на Нетфликс.

Инаку, Гунсур се ожени за италијанската режисерка Катерина Монџо во 2006 година и заедно имаат две деца, синот Али и ќерката Клое.

The post Се сеќавате на принцот Мустафа од Сулејман Величествениот? И на 47 години изгледа фантастично appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK