ноември 13, 2024

Бобан Стевковски ветуваше се и сешто. И брда и долини. Ветуваше спектакуларни инфраструктурни објекти во Гази Баба, за кои велеше, општината ќе ја направат најевропска. Но, ветувањата се едно, а реалноста е сосем друго. Паметите нели? велеше дека општината ќе ни ја направи и најзелена вели претседателот на општинската организација Гази Баба на СДСМ Влатко Митовски.

– Нема ништо од ветениот проект „Зелена општина Гази Баба“ каде што требаше да се зголемат парковските површини за 10% и да се засадат 500.000 нови дрвја и зелени растенија. Наспроти тоа, Општина Гази Баба денес тоне во шут и отпад. Ништо од проектот за воспоставување систем за селективно собирање на отпад. Нема ништо ниту од ветувањето за поставување на минимум 30 подземни контејнери во сите урбани населени места (ветен проект во висина од 20.000.000 денари) Нула реализација на акцискиот план за намалување на загадувањето на амбиеналниот воздух. И згора на се… Во буџетот се намалени средствата за заштита на животната средина од 7.8 милиони денари во 2023, на 6.5 милиони денари за 2024 година, рече Митовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK