Инвестициите во средните училишта на град Скопје се поставени високо во приоритетите на делувањe, за што се доказ бројните проекти кои веќе се реализирани. Градот го реализираше проектот за опремување на кабинети со компјутери за сите скопски средни училишта, што овозможува поквалитетно изведување на наставата и можност наставниот кадар во целост да си ги извршува своите обврски на работното место.
Во средното училиште на Град Скопје “Марија Кири – Склодовска” годинава настава посетуваат 1725 ученици, кои со дигиталните уреди имаат можност за следење на наставата и за работа во согласност со современите текови.
Со нови дигитални табли поставени во средното училиште на Град Скопје “Марија Кири – Склодовска”, опремени се дополнителни 10 училници со што се креираат услови за унапредување на наставниот процес. Поставувањето на нови смарт уреди е дел од проектот за осовременување на училиштата, со што преку стимулирање на дигиталните вештини и знаења ќе се овозможи дополнително унапредување на наставниот процес.
Следете не, не има насекаде