Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска изјави дека тој самиот нема да поднесе оставка од функцијата која ја извршува веќе 11 месеци и тоа од редовите на Алијанса за Албанците.
-Оставка се поднесува кога не се работи чесно. Прво да видиме дали ќе бидеме разрешени. Собранието и пратениците ќе одлучат кој ќе биде министер, нагласи Меџити.
Инаку, Управниот совет на АА за нов министер за здравство го предлага Илир Демири, специјалист инфектолог, кој моментално е на директорската позиција на Клиничка болница-Тетово.
Следете не, не има насекаде